речник контакт

Федерацијата сака да се игра меѓународна одбојка во Велес а ќе наиде ли на поддршка?

Дали по долги години ќе видиме сениорска репрезентација да игра во Велес?

Петар Печков

Машкиот национален тим ќе има богата агенда мај - јули 2014, но главното прашање кое ја мачи Одбојкарската федерација на Македонија, во моментов, е каде репрезентацијата ќе ги  игра натпреварите.

ОФМ има краен рок до 1 март за да ја информира Европската конфедерација (ЦЕВ) за местата, термините и ТВ преносот на натпреварите од пред квалификацискиот турнир од циклусот за ЕП 2015, односно за настапот во Европската лига 2014, против репрезентациите на Данска и Турција.

За првата акција, организацијата на пред квалификацискиот турнир за Европското првенство 2015 во Бугарија и Италија, каде во рамките од третата група треба да ги пречекаме Азербејџан, Грузија и Шведска, изборот е стеснет на три града. Потенцијални решенија се  пред се салата  „Гемиџии“ во Велес,  па салата во Прилеп, како и „Парк“ во Струмица, кои имаат лиценца од ЦЕВ. 

Според луѓето на Одбојкарската федерација Велес  во предност, поради близината на аеродромот а има и задоволувачки сместувачки капацитет. Но за да се случи репрезентацијата на Македонија да игра во Велес ќе треба поддршка и од градот, од локалната власт, бараат од ОФМ.  Велес своевремено беше домаќин на меѓународни одбојкарски настапи а меѓу нив и на тогашниот светски великан Шпанија. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »